Ник Волтемаде е уште еден интересен германски центарфор, уште еден типичен сидраш од тамошната фудбалска школа. Висок е 1.98 сантиметри и со скоро два метри има необично префинета техника со топката. Игра за Германија У-21 за која веќе има 7 гола на 12 средби. Против Шпанија У21 дал 3 гола и заработил интерес од Баерн Минхен.