Пред 10 години шампиони, сега Лестер испадна во трета лига

Некогашниот сензационален шампион на Премиер лига, Лестер Сити кој испиша бајка во 2016-та со тренерот Клаудио Раниери и со Ријад Марез, Варди, Каспер Шмајхел и останатите, сега испадна во трета лига. Ова е дури трето испаѓање на „лисиците“ во четири сезони. Само втор пат во повеќе од 100-годишно постоење испаѓаат во трета лига. Пред 10 години беа шампиони.

На својот стадион „Кинг Пауер“ Лестер мораше да го победи Хал Сити кој брка доигрување за пласман во Премиер лига. Натпреварот заврши 2-2. Лестер е претпоследен со 42 бода и дефинитивно испаѓа во трета лига.

Лестер ќе биде првиот клуб во трета лига со најсовремена и модерна инфраструктура:

 

22 април 2026 - 08:26