Прандели незадоволен од Балотели

По првите два настапи на Европското првенство, репрезентацијата на Италија освои два бода и се уште е далеку од обезбедување на пласман во следната фаза од натпреварувањето. Според селекторот, Чезаре Прандели, напаѓачот Марио Балотели е еден играчите кои најмногу го разочарале

"Не знам што му е. Во еден момент против Хрватска, 15 минути викав по него да застане на договорената позиција, но тој си тераше по свое. Претерува со задржувањето на топката во нозете и мора побргу да се ослободува од неа. Свесен сум за неговиот карактер, но секогаш критикувам во директен разговор, а така беше и по натпреварот", изјави Прандели.

Балотели против Хрватска беше еден од најопасните по голот на Стипе Плетикоса и ако неговото излегување игра за многумина беше нејасно, Прандели во својата изјава ги расчисти сите дилеми.

"Не, нема никогаш да се откажам од него. Станува збор за голем талент, јас имам доверба во него и тој беше меѓу стартерите, кога јавноста вршеше притисок да го седнам на клупа. Имав неколку разговори со него и во следниве неколку дена ќе видиме како ќе се одвиваат работите", заврши Прандели.

Италијанскиот селектор најави дека за средбата со Република Ирска ќе направи неколку измени во тимот. Иако тој веќе знае кои играчи ќе добијат шанса не сакаше да споменува имиња.

Последниот меч во групата Ц, Италија ќе го одигра в понеделник, а стартот е закажан за 20 часот и 45 минути.

16 јуни 2012 - 00:07