
Откако Арсенал забележа историски триумф од 1-7 на гости против ПСВ Ајндховен, синоќа одигра 2-2 на реваншот со холандскиот претставник и оди во четвртфинале. Таму ќе ги чека европскиот шампион Реал Мадрид.
Барселона ја елиминираше Бенфика со победа на гости 0-1 со играч помалку и триумф на реваншот 3-1. Каталонците во четвртфинале ќе играат против германска Борусија Дортмунд која избори тешка победа на гости кај Лил 1-2.
Најголемото изненадување на сезоната во Лига на шампиони, Астон Вила лесно се справи со белгиски Клуб Бриж но сега во четвртфинале ќе ги чека фаворитот за освојување, ПСЖ кој имаше епска борба со Ливерпул.
Голем европски класик ќе одиграат и Баерн Минхен и Интер кои полесно од очекувањата се справија со Баер Леверкузен односно Фејнорд.
ЧЕТВРТФИНАЛЕ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ПАРОВИ:
ПСЖ - АСТОН ВИЛА
АРСЕНАЛ - РЕАЛ МАДРИД
БАРСЕЛОНА - БОРУСИЈА ДОРТМУНД
БАЕРН МИНХЕН - ИНТЕР