
Лионел го реализираше својот пенал. Тој во кариерата пенал серија изведувал само со Аргентина и тоа дури шест пати (на Копа Америка и за пласман на Светско првенство). Пет пати давал гол во сериите, а само еднаш промашил во финалето на Копа Америка 2016 против Чиле кога „гаучосите“ изгубија.
Меси на стари денови првпат беше дел од пенал серија во клупски фудбал на официјален меч. Инаку во август 2012-та Лионел изведуваше пенали исто на „Парк на Принцови“ во дресот на Барселона против ПСЖ но на ревијален пријателски натпревар.
ПСЖ испадна од Купот на домашен терен, пенали им бранеше нивен голман позајмен во Ница