Поранешен соиграч на Пандев од Наполи раскажа како тренирал во Рамадански пости

Алжирецот Фаузи Гулам кој 8 години беше член на италијански Наполи со кого освои два Купа и еден Суперкуп на Италија и играше заедно со нашиот Горан Пандев, за италијански Скај Спорт раскажува со што се соочува еден фудбалер муслиман за време на Рамаданските пости.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

Фаузи Гулам раскажал неколку епизоди од кариерата кога во тек биле Рамаданските пости а тој како професионален фудбалер и платен врвен спортист морал да работи, односно да игра и да тренира.

„За нас месецот Рамадан е месец во годината во кој се чувствуваме поблизу до Бога. Во тој период од годината настапите на спортистите муслимани можат навистина да се подобрат. Ако помислам на најдобрите моменти од моајта кариера, се сеќавам на сезони во кои, за време на Рамадан трчав лесно како воз и моите резултати на тренинг и на натпревари беа над просечните.

Да би ви објаснил како ние муслиманите го доживуваме Рамазан во однос на оние кои не го практикуваат, би сакал да ви раскажам една анегдота поврзана за моето искуство во Италија.

Кога стигнав во Наполи, тогаш тренер беше Рафа Бенитез. Почетокот на подготовките се поклопи со месецот на Рамазан и уште една работа која не карактеризира нас муслиманите, желбата да го проживееме овој чудесен период во апсолутен спокој и без оптеретување на другите.

Бев млад, со мала самодоверба и свест отколку што имам сега како позрел човек, па решив да не го известам клубот дека тие денови ќе држам поинаков распоред на хранење и време на оброците од повеќето мои соиграчи.

Бенитез ме повика во својата канцеларија, повика и технички и медицински персонал и Рафа со тоа ме смири и ми кажа дека клубот ќе даде се од себе да ми овозможи својот Рамазан да го проживеам мирно и во оптимални услови. На пример, во мојата соба внесоа фрижидер што беше права привилегија. Сите тогаш ми искажуваа почит и емпатија.

Готвачот се будеше дури во три и пол ноќеска за да зготви посебно за мене и за Кулибали. Ни беше жал, но немаше шанса да го разубедиме во спротивното. Многу мои соиграчи избегнуваа да јадат и да пијат додека беа со мене во текот на денот.

КОГА ГАТУЗО ИМ БИЛ ТРЕНЕР ИМАЛЕ НЕВЕРОЈАТНА ЕПИЗОДА

После Бенитез, во Наполи после некое време на клупата седна Џенаро Гатузо.

Гулам раскажува и за искуството од Рамазанските пости со него како тренер:

„Џенаро дури отиде толку далеку што смени распоред на тренинзи за мене! Тоа се нешта што не се забораваат, долгорочно гледано прават разлика и создаваат нераскинлива врска која во спортот како и во животот, можат да бидат клуч на успехот“, вели Гулам.

Џенаро Гатузо кој сега е тренер на Хајдук Сплит со кој брка шампионска титула, важи за крајно строг тренер но и прилично топла душа во односот со своите играчи и соработници.

26 март 2025 - 14:52