Кога Луис Алберто денеска ќе се вози во клупскиот автобус до стадионот Олимпико на кој во 18:55 ќе се судри со Севиља, ако ги затвори очите сигурно ќе се присети на неговите најтешки моменти кога се борел да се докаже уште како дете.
Низ глава ќе му помине едно друго возење со постар автобус, полн со патници, а на тргање неговата мајка Лоли која му мафта, а тој пред качување и вели: „Ти спреми нешто за јадење, јас доцна ќе се приберам“.
15 години подоцна Луис Алберто се вози во нов, почист, поубав и брендиран автобус на кој пишува S.S.Lazio. Од прозорецот може да ја види цела историја, како секој ден патува од Сан Хозе дел Вале, неговото родно место со 5.000 жители до Севиља каде почнал да се кали како мал.
Човекот кој прв го видел талентот на Луис сега го гледа како голем и созреан играч за кој навива со срце. Се вика Хозе Луис Калдерон и не ги заборава тие денови.
„На Луис Алберто само требаше да му дадеш топка и цел ден остануваше на улица сам шутирајќи во ѕид. За него сум секогаш тука, што и да му треба. Тој живееше за топката и тешко можеше да го прибереш дома. Имаше преглед на игра, креативност и правеше асистенции. Беше најмал и секогаш одеше да игра со постари. Ментално беше јак“, се потсеќа Калдерон.
Токму тој е заслужен што патот на Луис почнува од школата на Севиља каде го однел во 2004-та кога имал 12 години.
„Нема никогаш да го заборавам првиот натпревар на кој го гледав како игра. Отидов во Херез де ла Фронтера, првиот клуб на Луис пред да стигне до Севиља. За 10 минути сфатив дека пред мене се крие голем талент.
По натпреварот зборував со претседателот, го поканивме Луис кај нас во клуб да тренира со У-12. Тоа беше понуда која не можеше да ја одбие. Еден период играше и за нас и за нив, но во 2004-та го одведовме во Севиља“.
Секој ден Луис Алберто патувал по 230 км во два правци од дома до тренинг и назад, но и покрај тоа доаѓал насмеан на тренинг.
„Покажуваше голема желба за работа и беше свесен за жртвите кои ги прави. Еднаш игравме на еден турнир, го поканивме да игра за нас, но уште фигурираше како член на неговиот прв клуб. Немаше ставено уште ставено потпис за Севиља и реши да игра за нив. Имаше некои проблеми со глуждот и не играше баш најдобро, но го користеше секој слободен момент да дојде во хотел за да ни каже како закрепнува од повредата. Турнирот го освоивме, а следниот ден веќе почна да тренира со нас“.
И покрај тоа што Луис Алберто е веќе ѕвезда во Серија А, тој секогаш одговара на повиците на човекот кој го открил и му го трасирал патот до Севиља. Се гледаат кога Хозе Калдерон доаѓа во Рим.
„Луис Алберто дебитираше за првиот тим на Севиља во Копа дел Реј, сон кој му се исполни на 18 години. Севиља го формираше како играч, но Лацио е идеален клуб за неговите квалитети. Сега е зрел и игра одличен фудбал“, вели Хозе
Особено ланска сезона која ја заврши со 21 асистенција и 12 гола, по што на лето ја зема 10-та на Фелипе Андерсон, посебна бројка која отсекогаш ја носел.
Вечерва Луис, токму на Св.Валентајн ќе игра против својата прва љубов, клуб кој за секогаш ќе му остане во срцето.