
Петровиќ дебитираше за Челси дури во декември 2023-та откако влезе во игра наместо повредениот прв голман Шпанецот Роберт Санчез.
Ѓорѓе Петровиќ (24) после едена недела бранеше како стартер против Шефилд Јунајтед во победата на Челси без примен гол, а јунак стана на мечот од Лига Купот против Њукасл кога одбрани пенал во пенал серијата и ги однесе сините во полуфинале.
Младиот Србин веќе има два настапи за репрезентацијата предводена од Драган Стојковиќ Пикси, а попладнево го бележи и третиот настап за Челси, на гости во Премиер лига кај Вулверхемптон.
И се прослави со сјајна одбрана со која го сочува голот на Челси: