Во Националната лига на Англија, петта лига во хиерархијата, на дуел меѓу Рочдејл и Скантроп кој завршил 1-1 се случил чуден настан. Рочдејл добил пенал, Емануел Дизерув тргнал да го изведе ама нешто се попишманил при залетот и се врати назад. Голманот си ја собра топката а судијата досуди дека играчот на Рочдејл играл со топката и свирна фаул за гостите.