Пеле’ не доаѓа во Скопје поради лошиот гест со Вентура

За селекторот на Италија, Џампјеро Вентура пишавме дека важи за мирољубив човек кој ретко влегува во конфликт. Но тоа не значи дека играчите можат да му се качат на глава. Синоќа на дербито против Шпанија Грацијано Пеле’ одби да се поздрави со Вентура, поради што е избркан од составот.

Дуелот Италија - Шпанија во нашата квалификациска група синоќа го одбележаа неколку моменти. После долги години, Џанлуиџи Буфон направи кардинална грешка после која Витоло од Севиља го отвори резултатот на стадионот на Јувентус. Де Роси подоцна израмни од пенал и мечот заврши 1-1.

Но највпечатлив остана потегот на Грацијано Пеле’, напаѓач на кинескиот Шадонг Луненг кој при излегување од игра не сакаше да го види селекторот Вентура, а камоли да одговори на подадената рака за поздрав. Селекторот на Италија во 59. минута го извади Пеле’ и го на негово место го стави Чиро Имобиле од Лацио, а тоа не му се допадна на Грацијано кој се посрамоти.

За таквиот однос прозборел и Џиџи Буфон:

„Пеле’ е фантастично момче, сигурен сум во тоа и кога ќе му се олади главата ќе сфати дека згрешил. Ќе се извини за неговото однесување и ќе бидеме среќни повторно да го имаме тука. Згреши, сигурно згреши, но се случуваат такви работи во напнати натпревари“, изјавил Џиџи Буфон после мечот.

Претпладнево сајтот на италијанската фудбалска федерација објави кратка вест дека Грацијано Пеле’ е исфрлен од составот кој ќе патува во Скопје за квалификацискиот меч против нашата земја. Во меѓувреме темпераментниот напаѓач се извини преку својот Инстаграм профил:

„За жал уште еднаш направив грешка. Таквото мое однесување беше неприфатливо како за селекторот на прво место, така и за моите соиграчи кои секогаш го покажуваат тимскиот дух на оваа фантастична група на Италија каде сите припаѓаме. После секоја голема грешка сносиш последици. И единствено исправно е да преземам целосна одговорност и од срце да побарам простување од сите. Грацијано“.

Грешката на Џиџи Буфон: