Пантерски одбрани кои ги запрепастија Холанѓаните

Во неверојатно финале на Купот на Холандија, фаворитот АЗ Алкмар и Го Ахед Иглс одиграа 1-1 во основниот дел од времето со голови од пенал постигнати во 54-та минута (првиот обид одбранет па пеналот на АЗ повторно изведен) и 90+9' минута од судиското продолжение. Потоа на пенали победил Го Ахед Иглс 4-2 а јунак на мечот бил 25-годишниот белгиски голман Јари Де Бусер кој правел чуда какви не се видени во Холандија од голман уште од времето на Ван дер Сар.

Epa Images
Epa Images
Photo: Epa Images

Ова е прв голем трофеј во клупската историја на Го Ахед Иглс долга скоро 100 години. Финалето на Купот се играше во Ротердам каде пристигнале стотина автобуси со навивачи на двата клуба кои беа поделени на свои трибини.

 

22 април 2025 - 07:55