Овации за „Специјалниот“ на Меаца

За прв пат после 12 години, Жозе Мурињо се враќа на местото каде испиша историја во која дел беше и Горан Пандев. Мигови врежани во срцата на навивачите на Интер.

Интер беше домаќин на Рома во четвртфиналето од Купот на Италија, а тоа беше прилика за нова средба меѓу Мурињо и навивачите на Интер кои се немаат сретнато на Џузепе Меаца од 2010-та.

Мурињо од тогаш ги водеше Челси, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и сега Рома, но за прв пат на календар го добива тимот со кој ја освои историската тројна круна.

„Добредојде дома Жозе“, стоеше на паролата на навивачите на Интер кои не ги забораваат тие епски мигови.

Топол пречек му приредија и го скандираа неговото име кое засекогаш ќе биде запечатено, кога во една сезона ги обедини Скудетото, Купот на Италија и Лигата на шампиони.

Мечот заврши 2:0, а Интер во полуфинале ќе игра со победникот од дуелот Милан - Лацио.

9 февруари 2022 - 08:11