Оваа Барселона стварно игра фудбал ко таа на Меси

По планетарните успеси на најдобрата група фудбалери која под водство прво на Франк Рајкард а потоа особено на Пеп Гвардиола правеше чуда на теренот, Барселона мина низ бурен период. Меси си отиде, се сменија неколку тренери, управата беше несредена и минусот се гомилаше. Сега под водство на Германецот Ханси Флик Барселона игра неверојатна сезона. Прва е во шпанска Ла Лига, ќе игра во финале на Копа дел Реј против вечниот ривал Реал Мадрид а во Лига на шампиони полека се спрема за полуфинале откако со 4-0 ја згроми Борусија Дортмунд во првиот дуел од четвртфинале.

Барса во шпанското првенство после 31 натпревар има неверојатни 84 гола и примено само 29 со што го има убедливо најдобриот напад во Ла Лига и меѓу најдобрите одбрани. 

14 април 2025 - 11:49