Пред 10 години беа второлигаши и настапуваа на мали стадиончиња. Сè останато од тогаш до сега е историја која би ја посакал секој клуб. Прв италијански клуб со приватен стадион, 6 Скудета во низа, едно финале во Лига на шампиони, а за една недела уште едно. Јувентус сезонава ги има сите предиспозиции да се искачи на кровот на Европа за што му останува уште една пречка, а тоа е актуелниот европски шампион. Од нив зависи.