Од перач на коли кој играл фудбал бос до шампион на Јужна Америка

Роден во рударски град, без пари и со скромна плата на мајка му, Алексис Санчез сам се снаоѓал за да дојде до некој денар и да помогне дома. Градоначалникот му ги купи првите копачки, а тој возврати со донации за изградба на фудбалски игралишта.

Од носење партали до богатство

Санчез е израснат во рударскиот grad Токопиља во голема сиромаштија. Платата на мајка му не им доволна за да имаат нормален живот, па за да преживеат тој морал да пере коли и да заработува како уличен жонглер. Талентот му донесе светска фудбалска успеси, а поради неговиот стил на игра прекарот му е верверица.

Ел Нино Маравиља

Со оглед на тоа колку добро се покажал како мал, не е големо изненадување што Санчез сега е бренд на чилеанскиот фудбал. Професионалната кариера му почна на 16 години за локалниот тим Кобрелоа, каде го нарекуваат уште и Ел Нињо Маравиља (чудесното дете), а првиот трансфер во Европа му беше во Удинезе за сума од 1,7 милиони фунти.

Првите копачки

Алексис Санчез исто како и Пепе немал пари да си купи копачки па морал да игра бос и бил навикнат да трча ситно и да ги избегнува камењата. Кога градоначалникот на Токопиља го видел што прави со топката, веднаш му го купил првиот пар.

5 првенства до сега

На 26 години има големо фудбалско искуство во пет земји Чиле, Аргентина, Италија, Шпанија и Англија. Откако играше на домашна сцена, па замина во Серија А, Санчез беше позајмен во чилеанскиот клуб Коло – Коло и во аргентинскиот гигант Ривер Плејт. Следуваат извонредни трансфери во Барселона па во Арсенал.

Чиле

И покрај тоа што во првата сезона на Емирати постигна 25 голови за Арсенал на сите натпреварувања, Санчез не е класичен напаѓач, туку крилен. На првите 10 меча за репрезентација постигна само еден гол, но до сега стигна до бројка од 26 погодоци. На Светското првенство во Бразил постигна два гола, а одлична партија имаше против поранешниот светски и актуелен европски првак Шпанија кој беше поразен во групната фаза со 2:0.

Никогаш не се откажува

Санчез имаше проблеми со коленото во Арсенал, но и други повреди, а кога навивачите го видоа дека држи мраз се загрижија дека нема да има иднина со него на Емирати. Откако докторите му кажаа дека повредата на палецот може да значи и крај на кариерата тој по осум дена се врати и постигна хет-трик.

Ил Феномено

Луѓето во Чиле тагуваа откако на минатиот Мундијал нивната земја не успеа да го елиминира Бразил на пенали во осминафиналето. Од таму потекнува и омилениот играч на Санчез, а тоа е Бразилецот Роналдо. Кога пристигна во Барселона тој го избра дресот со број 9 кој го носеше Ил Феномено, но во Арсенал таа бројка е зафатена па мораше да одбере број 17.

Не го заборава родното место

Откако Пеп Гвардиола го донесе во 2011 година отсекогаш го фалеше и како фудбалер и како човек. Позитивен став за него сега имаат и навивачите на Арсенал. И покрај тоа што со трансферите во Барселона и Арсенал за 25, а потоа за 35 милиони фунти, двата пати станува најплатен чилеански фудбалер во историјата, секогаш е на земја и не заборава од каде доаѓа. Во родниот град донираше 140.000 фунти за изградба на пет фудбалски игралишта.

6 јули 2015 - 18:09