Нова магија на Меси, овојпат во Далас

Фудбалерите на Далас и Интер Мајами одиграа врвен меч со дури осум погодоци од кои два на Аргентинецот во 1/16 финалето на Лига Купот на Северна Америка. До 80’ минута од мечот Далас водеше 4-2 а потоа со автогол и нов чудесен гол на Меси од слободен удар Интер Мајами израмни на 4-4 и мечот отиде на пенали. А таму Лео и другарите славеа 3-5.

Првиот гол на мечот во 6’ минута беше дело на Лионел Меси за 0-1:

Во 85’ минута Меси покажа зошто е еден од најголемите на сите времиња со прекрасен погодок од слободен удар за 4-4:

Меси веќе има 7 гола и 1 асистенција на 4 меча за новиот клуб Интер Мајами. Лео прво постигна израмнувачки гол против Круз Азул, потоа даваше по два погодоци против Атланта Јунајтед, Орландо Сити и против Далас сега во 1/8 финале на Лига Купот во неговиот прв гостински меч за Мајами.

Во пенал серијата, Меси прв ја зеде топката и го совлада голманот на домашниот тим од Тексас Мартен Паес. Сите петмина фудбалери кои изведуваа за клубот од Флорида беа прецизни, а кај домашните промаши Пекстон Помикал во втората серија и тимот на Меси оди во следна рунда.

Деби на овој меч со Далас имаше и добриот пријател и долгогодишен соиграч на Меси до Барселона, Жорди Алба кој му асистираше при првиот гол. За Интер Мајами играше и Серхио Бускетс. Инаку во МЛС лигата на САД, Интер Мајами е најслаба екипа резултатски и тешко ќе се пласира во плејофот. Доаѓањето на Меси, Бускетс и Алба ја кренаа екипата која со нив почна да бележи добри резултати.

Ова беше прв меч на Меси на гости а сите влезници за овој натпревар биле распродадени „како алва“ за 18-20 минути. Најевтината чинела 726 долари а интересно е што јужно-американската дијаспора, особено неговите Аргентинци го следат каде и да оди и игра.

7 август 2023 - 08:20