Нов меч, нов мајсторлук на Меси, овој пат од 30 метри

Нема застој за Интер Мајами откако го имаат фудбалскиот феномен кој влезе во голтетерска низа од шеста меча. Новата жртва се вика Филаделфија.

Лео Меси го носи Интер Мајами во финалето на Лига Купот откако ја совладаа Филадефлија на гости 1:4.

Аргентинецот го постигна голот за 0:2 во 20 минута откако го изненади голманот од далеку со ниска топка во агол.

Со овој погодок стигна до бројка од 9 комада постигнати на првите шест меча за Мајами.

Деби погодок за својот нов тим бележи Жорди Алба, а другите два гола ги постигнаа Мартинез и Руиз. 

Интер Мајами во финале ќе се сретне против Нешвил.

16 август 2023 - 08:20