Македонската фудбалска репрезентација оствари нов историски пад на најновата ранг листа на ФИФА. 2016-та година ја заокруживме на рекордното 162-ро место, а новата 2017-та со три места подолу во друштво на селекцијата на Косово која вчера почна да игра фудбал.
Две места под нас се Лаос и Кувајт, а подобри од нас се Сингапур, Молдавија, Малезија, Аруба, Гренада, Мјанмар, Танзанија и ред други фудбалски аутсајдери кој веќе е резил да ги набројуваме.
Од нашите противниците во квалификацискиот циклус за СП 2018, Шпанија е 10-та, Италија 15-та, па Албанија (55), Израел (60) и Лихтенштајн (187).
На врвот се наоѓа Аргентина, а потоа следуваат Бразил, Германија, Чиле и Белгија. Франција и Колумбија си ги заменија местата и се наоѓаат на 6-та и 7-ма позиција, а потоа следуваат Португалија и Уругвај.
Оваа позиција можеби не е мерило за играта на нашите фудбалери во квалификацискиот циклус за Мундијалот во Русија, но што сакаме повеќе со само една остварена победа во 2016-та и тоа пријателска против Азербејџан.