Македонскиот репрезентативец практично сам ја реши екипата на Ентела со два погодоци за конечни 2:0 на Палермо во 12. коло од Серија Б. Прво го отвори резултатот од пенал во 23-та минута, а потоа со страшна левица од слободен удар на стартот од второто полувреме.
Ова е трет натпревар на кој сезонава Нестогол постигнува по два погодоци и втор по ред и во моментов има 8 гола, два помалку од лидерот Франческо Капуто од Емполи.
Состојбата на табелата во Серија Б е многу густа. Палермо сега е прв со 21 бод, но разликата до седмопласираната Венеција изнесува само 3 бода.