Нервозна реакција на Ламин Јамал, не се поздрави со тренерот Флик

Барселона синоќа после пресврт го совлада големиот ривал Атлетико Мадрид на гости во дуел во кој гостите имаа играч повеќе цел втор дел по црвениот картон кој Нико Гонзалес го доби на истек на првиот дел. Џулијано Симеоне го доведе Атлетико Мадрид во водство во 38' минута но со головите на Рашфорд во 42' и Левандовски на крајот во 87-ма Барса славеше. Ламин Јамал воопшто не го прослави победничкиот гол на Левандовски и пред крајот на натпреварот не се ни поздравил со Флик, го одминал и тргнал кон соблекувалната.

На пат кон соблекувалната, Јамал продолжил нервозно да гестикулира во разговор со Хозе Рамон де ла Фуенте, член на стручниот штаб на Барселона.

По големиот кикс на Реал Мадрид кој изгуби 2-1 од Мајорка со промен гол во 90+1' минута, Барселона со оваа голема победа над Атлетико Мадрид отиде на +7 на табелата во Ла Лига и се доближи уште повеќе до шампионскиот пехар. 

 

5 април 2026 - 11:14