Пред 10 години една фудбалска ѕвезда во подем им ја исполни желбата и се сликаше со две мали дечиња од младинската школа. Денес им се исполни уште една голема желба. Тие стигнаа да играат заедно со нивниот идол во репрезентацијата.
Жорди Класи и Тони Вилена заедно со нивниот идол Робин ван Перси сликани во времето кога тие биле дел од младинската школа на Феенорд и сликани денес кога тие станаа дел од репрезентацијата на Холандија и играат заедно со нивниот идол од детството.