Не знам кај го оставив МВП трофејот

Тоталната спонтаност и незаинтересираност на Никола Јокиќ за целата еуфорија околу него е тоа што најмногу ја привлекува јавноста во САД. Просто неверно им е како човек со такви бројки, шампионска титула и МВП награда не знаеше што да прави со шампањското, ниту со пехарите кои ги доби. Во разговор со познатата НБА водителка Малика Ендрујс призна дека не знае кај го оставил МВП трофејот.

„Морам да ти кажам. Сум направила неколку интервјуа со МВП играчи. Ти си прв што дошол без трофејот. Каде е“?

-Навистина не знам. Го оставив кај работниците во соба, не знам. Но се надевам ќе се појави.

15 јуни 2023 - 09:51