Навивачи на Хамбург влетаа на терен и славеа па се шокираа

Ова што му се случува на некогашниот европски шампион е многу болно. Пет години се на праг од враќање во прва Бундеслига, но никако да им тргне од рака. Сега во последното коло на втората лига, Хамбург гостуваше кај Сандхаузен и победи 0:1. Во исто време им одговараше и што Хајденхајм губи на гости 2-1 од испаднатиот Јан Регензбург.

Ваков викенд во германскиот фудбал немало во историја. Чудо до чудо. По она што се случи во Бундеслига во борба за титула меѓу Дортмунд и Баерн, лудница имало и во втората лига.

Пред последното коло во втората германска лига, Хајденхајм бил втор со 64 бода, а Хамбург трет со 63. Во моментите кога Хамбург победува на гости 0:1 и слушаат вести дека Хајденхајм губи 2-1 во 93-та минута, никој не претпоставува дека ќе следи шок. Влегуваат во терен и слават.

Ама во Регензбург, прво во 90+3’ минута 2-2, па во 90+9’ минута од судиско продолжение Хајденхајм дава трет гол за победа 2:3 и пласман во Бундеслига. Шок меѓу навивчите на Хамбург.

Некогашниот европски првак сега го чека тежок бараж против посилниот Штутгарт кој ќе бара спас да не испадне од Бундеслига.

А исто лудо било и во трета германска лига каде Оснабрик со голови во 90+4 и 90+6-та минута влегол во втора Бундеслига:

Како Баерн на сред терен дозна дека е шампион

Неверојатна драма во Бундеслига: Баерн Минхен шампион во луд финиш!

29 мај 2023 - 11:38