Најтрофејните екипи во 90-те

Во денови кога на сцена е клупскиот фудбал во ЛШ и ЛЕ ќе се вратиме назад во носталгичните фудбалски години од крајот на минатиот век кои покажуваат една огромна разлика за тоа каде беа и каде се сега италијанските екипи на мапата на Европа.

Табелата не потсеќа на тоа кои екипи беа најуспешни и подигнаа најмногу пехари на европските клупски натпреварувања во 90-те години. Тука не се бројат само Лига на шампиони и Куп на УЕФА, туку и Супер Куп на Европа и Куп на Купови кој тогаш постоеше.

4 трофеи

Парма ( 2 Купови на УЕФА, 1 Куп на Купови, 1 Супер Куп на Европа)


Барселона (1 Лига на шампиони, 1 Куп на Купови, 2 Супер Куп на Европа)

3 трофеи

Ајакс (1 Лига на шампиони, 1 Куп на УЕФА, 1 Супер Куп на Европа)
Интер (3 Купови на УЕФА)


Јувентус (1 Лига на шампиони, 1 Куп на УЕФА, 1 Супер Куп на Европа)
Милан (1 Лига на шампиони, 2 Супер Куп на Европа)


Манчестер Јунајтед (1 Лига на шампиони, 1 Куп на Купови, 1 Супер Куп на Европа)

2 трофеи

Реал Мадрид (2 Лига на шампиони)
Лацио (1 Куп на Купови, 1 Супер Куп на Европа)


Челси (1 Куп на Купови, 1 Супер Куп на Европа)
Галатасарај (1 Куп на УЕФА, 1 Супер Куп на Европа)

1 трофеј

Борусија Дортмунд (1 Лига на шампиони)
Марсеј (1 Лига на шампиони)


Црвена Ѕвезда (Лига на шампиони)
Баерн Минхен (1 Куп на УЕФА)


Шалке (1 Куп на УЕФА)
Арсенал (1 Куп на Купови)


Вердер (1 Куп на Купови)
Реал Сарагоса (1 Куп на Купови)
ПСЖ (1 Куп на Купови)

Споредено по земји апсолутната доминација оди кај Италија која води убедливо со 15 европски трофеи кои ги освоиле 5 екипи. Меѓу нив е Лацио кој сега не може да фати место во ЛШ и Парма која според број на трофеи била на исто рамниште со Барселона, а сега е дел од петта лига.

На второ место е Шпанија со 7 трофеи од кои 6 се на Реал и Барселона, потоа следуваат Англија со 6, Германија со 4, Холандија 3, Франција и Турција по 2 и Југославија 1.

За споредба Италијанците од 2000-та година до денес имаат само три европски трофеи, а тоа се двата на Милан во ЛШ и еден на Интер.