
Ајакс катастрофално ја започна сезонава и зареди толку слаби резултати на почеток, што во еден момент беше во опасната зона за испаѓање од холандската Ередивизија.
Менуваа управи, тренери, играчи и на крај погодија со младиот 36-годишен Италијанец Франческо Фариоли.
Откако го назначија Фариоли, „копјаниците“ заиграа како треба. Се кренаа, собраа еден куп бодови и максимално го искористија страшниот пад на форма на големиот ривал ПСВ Ајндховен кој од непобедлив во првите 15-16 кола, наеднаш не само првото туку можеше да го изгуби и второто место од Феенорд.
На неколку кола пред крајот на холандската лига, младата екипа на Ајакс зареди дури 3 тешки порази по ред и два пати одигра нерешено, ПСВ славеше и се врати во игра за титулата. Минатото коло Ајакс играше на гости кај Гронинген. Два пати водеа, имаа и играч повеќе и во последни секунди од мечот примија гол за 2-2. ПСВ победи и резултатски се одлепи на табела.
Залуден беше триумфот на Ајакс 2-0 против Твенте во неделата, затоа што и ПСВ Ајндховен победи кај Спарта Ротердам и ја освои шампионската титула.
Фариоли не можеше да се соземе од плачење во последниот натпревар на клупата за Ајакс. Заминува од Амстердам:
Francesco Farioli ❤️ pic.twitter.com/wdpaKIFrqL
— AFC Ajax (@AFCAjax) May 18, 2025
Farioli has decided to leave Ajax after careful consideration. The head coach has informed the club’s board of his decision.
— AFC Ajax (@AFCAjax) May 19, 2025
Thanks for everything, Francesco! ♥️
ПСВ Ајндховен во Ротердам ја прослави титулата по триумфот 1-3 против Спарта:
Драматична завршница во Холандија, Ајакс прими гол во 99 минута и си ја уништи сезоната