Прво нешто што нè асоцира со градот Шефилд се клубовите Венздеј и Јунајтед. Но во осмата англиска лига игра фудбалски клуб Шефилд - најстариот аматерски клуб во историјата на фудбалот.
За титулата најстар аматерски клуб на светот претендирале и други, пред сè „Кембриџ Универзитет“, но ФИФА официјално за најстар го призна Шефилд.
Шефилд речиси никогаш не сакал да го експлоатира својот пионерски статус. До 2001 година овој клуб немал ниту сопствен стадион, немал нормален фан-шоп и музеј. Него никогаш не пробале да го купат милионери, и за него никога не играле професионални фудбалери.
🎂 The world's oldest football club turns 161 today.
— COPA90 (@COPA90) October 24, 2018
Happy Birthday @Sheffieldfc 🙌 pic.twitter.com/VRkyc49jDA
Иако во Англија маестрално знаат да ја конзервираат историјата, овој клуб речиси и да не е многу познат надалеку по светот.
Шефилд во 2002 година одиграл ревијален меч со Интер, па потоа со Ајакс, а во летото 2013 прославил јубилеј од своето постоење со пријателска против скромниот клуб Халем со кого во далечната 1860-та го играле првото дерби во историјата на фудбалот.
Халем исто важи за еден од најстарите фудбалски колективи на светот. Неговиот стадион важи за најстар во светот на фудбалот и за него се дознало во играниот филм When Saturday Comes премиерно прикажуван во пресрет на Европското 1996.
Во филмот Шон Бин играл херој на работничката класа кој од халемскиот кал стигнува до финалето на ФА Купот. Тогаш шефилдскиот фудбал практично официјално бил признат како најавтентичен.
Во 2004 година Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го наградила овој клуб со Орден на достоинство. Со ваков Орден бил одликуван само уште Реал Мадрид.
На 150-годишнината од основањето, во 2007-ма на гости им дошле Јозеф Блатер, Џеф Томпсон (тогашен претседател на англиската федерација), Рамон Калдерон (тогашен претседател на Реал Мадрид), легендите на британскиот фудбал Боби Робсон, Гордон Бенкс, Боби Чарлтон, Дејв Ричардс, боксерот Клинтон Вудс, музичарите од групата Def Leppard.
Во 2011 година клубот го ставил на продажба првиот пишан документ за првите фудбалски правила од 1858 година. Во него пишувало и дека играчите смеат да играат со рака, немало играчко време од 90 минути туку се ограничувале само со заоѓање на сонцето.