Најсмешен трансфер зимава - од медицински прегледи и сликање во Евертон, потпиша во Тотенхем

Крајот на маките за Евертон не се гледа. Откако го отпуштија Франк Лампард со кого играа очајно, три месеци немаа победа и паднаа на самото дно во Премиер лига, сега се соочија и со нова непријатност.

Евертон, клуб кој со години беше во средината или горниот дел на табелата во Премиер лига па редовно играше и еврокупови, сега веќе пар сезони сериозно допира во втора лига.

„Карамелите“ пред неколку дена му врачија отказ на очајниот Лампард со кого екипата губеше од кого стигне.

Во меѓувреме Евертон договорил трансфер на холандскиот центарфор Арно Данџума од Виљареал. Ги договориле сите детали, ја прецизирале шемата на премин: пола година позајмица без права на откуп на крајот на сезоната.

Холандскиот привремен репрезентативец дури и минатиот викенд ги поминал сите неопходни медицински прегледи, па и се сликал за клупските магазини.

Кога се изгледало готово, во вторникот Данжума тргнал за Лондон каде го примиле во Тотенхем. После медицински прегледи во Евертон, потпишал договор со тимот на Антонио Конте.

Гардијан пишува дека Холанѓанецот бил збунет од неодлучноста на Евертон чија управа не била многу заинтересирана за играчот кого првично го барал Лампард.

Агентот на Данџума по отказот на Лампард, отишол во Тотенхем и таму им ги понудил услугите на својот клиент. Навивачите на Евертон од еуфорија паднале во очај па почнале да го навредуваат Холанѓанецот.

Комични твитови:

МИНАТАТА СЕЗОНА БЕШЕ ЅВЕЗДА НА ВИЉАРЕАЛ КОЈ СТИГНА ДУРИ ДО ПОЛУФИНАЛЕ НА ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Арно Данџума лани блескаше кај тренерот Унаи Емери. Како класичен шпиц Холанѓанецот постигна 16 гола во сите натпреварувања и стана прв стрелец на екипата. Благодарение на неговите погодоци стигнаа до полуфинале на ЛШ.

Поради таа форма го викнаа во репрезентација на Холандија а за него се заинтересираа и големи клубови. Уште пролетта се зборуваше дека Ливерпул сакал да го доведе во свои редови. 

Но сезонава Данџума е во мизерна форма. Во Ла лига има само два постигнати гола на мечот со Осасуна, дал само уште два во Лига Конференции и шпански Куп. Во 2023-та е резерва на клупата и одиграл само 1 минута во Ла Лига.

Виљареал сакал да го продаде и макар делумно да ги врати вложените 23,5 милиони евра кој ги даде за Холанѓанецот од Борнмут. Зимава се појавила варијанта за враќање во Премиер лига и Данџума едвај чекал да замине на Островот.

Евертон барал засилување во нападот каде Доминик Калверт-Луин и Нил Моп постигнаа по само еден гол во Премиер лига. Но на крај Арно не дојде кај нив. А во Тотенхем го чека конкуренција со Ришарлисон, Сон, Лукас Мура и Брајан Хил.

26 јануари 2023 - 09:48