Најкраткото патување во историјата на францускиот фудбал: Париз ќе гостува 44 метри од дома

Ждрепката за третото коло од Купот на Франција ги спои ПСЖ и Париз, клубот кој има големи амбиции, кој зад себе има гигантски спонзори и милијардери и кој сака да стане тоа што неговиот појак сосед е годиниве во Франција и Европа.

На програмата во јануари ќе играат ПСЖ и Париз во Купот на Франција. Овие градски ривали ги дели буквално само една улица, односно од стадионот на ПСЖ до стадионот на Париз има 44 метри растојание.

Од таа причина ова ќе биде најкраткото гостување во историјата на Купот на Франција. Европскиот шампион ќе биде домаќин на својот „Парк на принцовите“.

Интересно ова ќе биде првпат овие блиски соседи да се сретнат во Куп на Францускија. Немаат некоја долга историја на меѓусебни средби, играле само два пати и тоа во сезоната 1978/79 кога на два пати играле нерешено. 

Во тоа време ФК Париз не настапувал како сега на стадионот „Жан Буан“ кој сега пред некое време го изнајми од градот под концесија на неколку години.

ПСЖ пред неколку дена го освои и шестиот шампионски пехар откако во финалето на Интерконтинентален Куп го совлада бразилски Фламенго. Нивниот ривал кој на времето играл на стадионот „Себастијан Шарлети“ кој е подалеку од „Парк на принцовите“, сега ќе може „по папучи“ да отиде до кај комшиите на гости во 1/8 финале на француски Куп.

А за разлика од нив, како и секоја година во Купот на Франција, така и следнава 2026-та некои екипи ќе мора да го пропатуваат „цел свет“ за да гостуваат на некој тим од земја во Пацификот каде има француски колонии. Екипите од тие места уште се во францускиот фудбалски систем и затоа се и на ждрепката за Купот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ESPN FC (@espnfc)

24 декември 2025 - 11:43