Нов трипл-дабл на Јокиќ, само три го делат од легендарниот Оскар Робертсон

Со рекордни 24 уфрлени тројки како нов апсолутен клупски рекорд, Денвер Нагетс ја урна Јута Џез 135:112.

Epa images
Epa images
Photo: Epa Images

После поразот во мини-дербито со Хјустон Рокетс на домашен паркет, Денвер Нагетс им се врати на триумфите. Ја победија Јута Џез 135:112 на крилјата на Џамал Мари кој уфрли 27 поени и Никола Јокиќ кој запиша нов трипл-дабл учинок.

Српскиот репрезентативец стигна до неверојатниот 178-ми трипл-дабл во НБА кариерата 1 14-ти сезонава и тоа за само 22 минути на паркетот. Имаше скромни 14 поени со 13 скока и 13 асистенции. Ова е веројатно неговиот најскромен поентерски трипл-дабл досега.

Најмалку поени сезонава постигна првпат уште од 26-ти октомври (исто 14 даде тогаш) но тоа е поради фактот што не се решаваше да зема многу шутеви и остана на 5/7 од игра. Во одбрана Јокиќ подели три блокади и имаше две украдени топки.

Јокиќ сега го делат три скалила до Оскар Робертсон кој имал 181. трипл-дабл во кариерата. Лидерот на оваа вечна листа на играчи со најмногу трипл-дабл учиноци Расел Вестрбук има 207.

Интересно ова беше прва победа на Денвер Нагетс над Јута Џез после дури 7 последователни порази во последните две години. 

Џамал Мареј беше игач на натпреварот со 27 поени, шест скока и пет асистенции, а двоцифрени беа уште и Пејтон Вотсон со 20 поени, Камерон Џонсон исто со 20 поени, Тим Хардавеј уфрли 21 поен, Брус Браун 15 поени, а дабл-дабл учинок имаше Јонас Валанчунас со 12 поени и 11 скока.

Кај „џезерите“ нивниот главен играч Лаури Марканен имаше 27 поени со осум скока и една асистенција, Јусуф Нуркиќ додаде 17 поени со 16 скока и шест асистенции.

23 декември 2025 - 09:24