Неверојатната 100-ка на Шеј Гилџес-Александер

Најдобриот тим во НБА лигата, Оклахома Сити Тандер го совлада Мемфис Гризлис 119:103 а дуелот го одбележи сјајниот ШГА, канадскиот репрезентативец кој стигна до историска бројка.

Во ноќта кога Никола Јокиќ во Денвер стигна до својот 178-ми трипл-дабл во кариерата, уште еден голем кандидат за МВП наградата, Шеј Гилџес Александер одигра фасцинантна партија против Мемфис Гризлис.

Со 31 поен, 10 скока и 7 асистенции лидерот на Оклахома Сити Тандер стигна до јубилеен 100. натпревар по ред накој постигнал 20+ поени. 

Ова беше 26-ти триумф на „громовите“ на 29 натпревари сезонава. Шеј игра доминантно и се приближи до апсолутниот рекорд на Вилт Чембрлејн кој на времето постигнувал по најмалку 20 поени на 126 натпревари по ред!

Доколку продолжи во вакво темпо, лидерот на Оклахома Сити Тандер би можел да го стигне легендарниот Чембрелјн.

Синоќа против Мемфис ШГА одигра 35 минути, го исполни својот овосезонски просек 32,5 а ги надмина сезонските просеци од 4,7 скока и 4,6 асистенции. Голема поддршка имаше од Џејлен Вилијамс кој броеше до 22 поени а кај Мемфис прв стрелец беше Кентавиус Колдвел-Поуп со 16 поени.

Неверојатни сезони играат главните кандидати за МВП наградата Никола Јокиќ и Шеј Гилџес-Александер кои ќе се борат за уште еден престижен трофеј - најдобар играч на светот.

 

23 декември 2025 - 11:11