Фудбалерите на тимот Банкс о’Ди до 19 години на еден натпревар ја рогнале топката преку ограда и таа отишла по реката Ди. Од таму својот пат го продолжила преку Северното море и пловела дури до брегот на Норвешка кај островчето Вана.
На клубот пред неколку дена му стигнал мејл во кој пишува дека топката на која стои натпис на клубот била најдена.
Извесен Џони Микалсен напишал: „Здраво! Вие изгледа го имате најсилниот шутер на светот. Мој пријател на морето ја нашол топката на која стои името на вашиот клуб. Патувала прилично далеку. Ја лоциравме на 1.800 километри (1.118 милји) северно од Абердин, на островот Вана кој е 10 километри од Тромзо, главниот град во Северна Норвешка. Топката е малку валкана од толкав пат, но може да се игра со неа. Видете ја сликата.
Микалсен за холандскиот Телеграф и за БиБиСи изјавил дека пријателот ја нашол топката меѓу трските на брегот и додал дека планира да ја посети Шкотска.
„Можеби тоа ќе биде можност да им ја вратам. Би било убаво“.
Секретарот на клубот Том Иван рекол дека веста ги воодушевила сите.
„Норвешка сага за најдолгиот пат на фудбалска топка. Досега многу топки кои отидоа во реката никогаш не сме ги нашле.
Клубот ги поканил норвешките пронаоѓачи да бидат почесни гости на некој од следните натпревари и тоа би било посебна прилика пак да ја видат топката која поминала 1.800 километри.