
Британските медиуми кои ја покриваат и репрезентацијата на Велс, речиси сите, пишуваат за емотивната и тажна атмосфера во Македонија каде вечерва ќе се одигра натпревар од квалификациите за Светско првенство 2026 кое ќе се игра во три земји.
Велс веќе еднаш беше во Скопје, во 2013-та година кога Македонија победи 2-1 со гол на резервистот Александар Трајковски. Од тогаш до сега работите многу се сменија.
Селектор на Велс е нивниот легендарен фудбалер Крег Белами кој тогаш играше, а играа уште и стоперот Бен Дејвис и помошникот на Белами Ендрју Кофтс.
Го нема Герет Бејл, кој на тој претходен натпревар во Скопје беше на клупата за резерви затоа што му се спремаше астрономскиот трансфер од Тотенхем во Реал Мадрид вреден повеќе од 100 милиони евра.
Велшаните сега допатуваа во Скопје заедно со неколку стотини нивни навивачи. На прес-конференцијата пред натпреварот, селекторот Крег Белами зборуваше и за жалниот амбиент во Македонија по повод трагедијата во Кочани каде животот го загубија 59 лица.
Натпреварот ќе почне со минута молк за настраданите а играчите на двете селекции ќе носат црни траки на своите дресови.
Македонија со триумф од 0:3 над Лихтенштајн го отвори циклусот, а Велс ги започна квалификациите со победа од 3-1 над Казахстан минатата сабота. Под водство на селекторот Белами седум натпревари по ред немаат пораз.
„Прво и пред сè, би сакал да испратам мои сочувства до фамилиите и до народот на Македонија. И ние имавме свои трагедии исто. Знаеме како земја низ што поминуваат и јас би сакал да знаат дека секој еден во Велс е целосно зад нив.
Тешко е да се зборвуа за фудбал кога вакви моменти ќе се случат, но тука сме поради тоа. Но во исто време, целосно сме свесни за ситуацијата и комплетно ја почитуваме ситуацијата. Со вас сме.
НА КОЈА ВЕЛШКА ТРАГЕДИЈА ПОТСЕТИ БЕЛАМИ?
Едно кобно петочно утро на 21-ви октомври 1966-та година, децата, како и секое претходно утро, тргнале на училиште, кое само кое со родителите, во школото кое било оддалечено на околу километар од центарот на селото. Сите зборувале за претстојниот распуст кој ги чекал додека со денови претходно неуморно врнел дожд.
Никој ниту во најтешки кошмари не помислил дека илјадници тони тежок отпад ќе се одрони врз самото школо и ќе згасне 144 животи.
Тоа утро кратко после 7 часот по локално велшко време, работниците во рударските копови приметиле дека дождот направил дупка на едно од јаловиштата. Отишле да ги известат надлежните и да видат што да се прави.
Се решило на тој дел од копот дента да не се работи ништо, а следната седмица да се види како да се санира штетата и да се утврди како дошло до допката. Два часа подоцна, околу 9 часот и 15 минути тргнала страшна лавина која за само неколку секунди се струполила низ ридот и го затрпала школото чии училници биле полни со дечиња. Затрупани биле и 18 околни куќи.
Отпадот низ лавината се движел со брзина од 35 километри на час а се кревал и до 9 метри висина. Одронот попатно однел и две колиби на ридот со се нивните жители а потоа ја затрупал школата.
Преживеале пет дечиња кои некоја тетка успеала некако да ги заштити со своето тело но за жал себе не успеала да се спаси.
Било востановено дека се одронило едно од седумте јаловишта во рудникот чија висина била преку 30 метри. Тука рударски отпад се таложел уште од 1958-ма година. Отпадите биле редени и преку потоци и извори кои потпомогнати од дождовите довеле до страшниот одрон.
Вечерта подоцна во селото Аберфан дошол тогашниот британски премиер Харолд Вилсон а кралицата Елизабета не дошле повеќе од 7-8 дена за што подоцна изјавила дека се каела цел живот. Наместо неа во селото следното утро по трагедијата стигнал нејзиниот зет а наскоро и принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета.
Тоа било една од најстрашните трагедии во историјата на човештвото. Оваа трагедија беше обработена и во 3-та епизода од втората сезона на светски познатата серија на Нетфликс „Круна“ (The Crown).