
На 6-ти септември 2013-та Македонија го совлада вечерашниот противник со 2-1. Победничкиот гол го постигна резервистот Александар Трајковски кој влезе од клупата, а кому ова му беше и прв погодок на официјален натпревар за Македонија.
Селектор тогаш беше Чеде Јаневски.
Трајковски претходниот ден прослави роденден па ова му беше најубав подарок. Македонија тогаш поведе преку Тричковски а израмни Арон Рамзи од пенал.
На тој натпревар за Македонија настапија: Пачовски, Георгиевски, Ристовски, Новески, Шиков, Тасевски, Глигоров, Тричковски, Пандев, Агим Ибраими, Костовски. Од клупата влегоа Мојсов, Лазевски и токму стрелецот на победничкиот гол Александар Трајковски.
Кај Велс во нападот беше сегашниот нивен селектор, Крег Белами, а на клупа беше тогаш младиот Герет Бејл.