![](/files/styles/780px/public/offside/2012/06/10/off.net.mk-11106.jpg?itok=wy9If0A_)
Во изминатава сезона мечевите во Грчкото фудбалско првенство ги следеле вкупно 1.186.491 гледач или во просек по натпревар 4.944, а во однос на претходниот шампионат регистрирана е намалена посета од 23,5 проценти.
Според аналитичарите основна причина за драстичниот пад е економската криза во земјата, но добрите познавачи на приликите сметаат дека голем удел во ваквиот резултат има и во лошиот квалитет на самото првенство.
Вистинско изненадување претставува неверојатниот пораст на посетеност во земјата домаќин на Европското првенство, Украина. Во оваа земја на прволигашките стадиони имало вкупно 2.710.874 гледачи со просек од 11.295 или изразено во проценти, пораст од 22,4.
Објаснувањето за подемот во Украина е фактот дека поради Европскиот шампионат, драстично порасна интересот за фудбалот, но се смета дека една од најголемите причини е зголемениот квалитет на фудбалот и поголем број на екипи кои во своите редови имаат квалитетни поединци.
Што се однесува до најпопуларните лиги, ситуацијата загрижува во Италија и Франција. Во овие две земји веќе втора сезона по ред е регистриран пад на посетеноста на стадионите. Во Италија во однос на претходната сезона бројот на гледачи е намален за 6,8%, а во Франција за 4.4%. Негативен тренд има и во Премиер лигата во Англија, каде е забележано намалување на посетеноста од 1,9 проценти.
Нов раст се забележува во Германија, каде сезонава на стадионите имало вкупно 13 милиони гледачи со просек од 45.116 или е забележан пораст од 5,7%.
земја вкупно гледачи просек по нат. процент
ГЕРМАНИЈА 13.804.761 45.115 5,7%
АНГЛИЈА 13.148.465 34.601 -1,9%
ШПАНИЈА 10.793.170 28.403 0,8%
ИТАЛИЈА 8.547.309 22.493 -6,8%
ФРАНЦИЈА 7.171.105 18.874 -4,4%
ХОЛАНДИЈА 5.978.689 19.538 1,6%
РУСИЈА 3.135.756 13.066 8,1%
БЕЛГИЈА 2.817.321 11.731 0,5%
ШКОТСКА 2.737.633 13.826 1,4%
УКРАИНА 2.710.874 11.295 22,4%
ПОРТУГАЛИЈА 2.626.950 10.946 8,6%
ПОЛСКА 2.121.248 8.839 4,9%
ШВАЈЦАРИЈА 1.985.055 12.253 7,8%
РОМАНИЈА 1.508.383 4,929 -2,1%
АВСТРИЈА 1.272.856 7.066 -10,3%
ГРЦИЈА 1.186.491 4.944 -23,5%