Му го ветив дресот на Рашфорд ама ќе ти го подарам тебе

Вест Хем Јунајтед оствари неверојатно важен триумф над големиот Манчестер Јунајтед од 1-0 со голот на Саид Бенрама во 27’ минута и сега полесно дише. Во борбата за опстанок најдолу на табелата, Вест Хем избега 7 бода од опасната зона и до крајот на сезоната им треба уште некој бод за и теоретски да се спасат.

После мечот едно дете долго време го чекало капитенот на Вест Хем, Деклан Рајс, играч на мечот и најбараниот фудбалер на Островот во моментов кој летово скоро сигурно ќе направи голем милионски трансфер.

„Му го ветив на Рашфорд после мечот, но повели за тебе. Не им го покажувај дресот многу (на другите навивачи) зошто им кажав дека морам да му го дадам на Рашфорд, но ќе му дадам друг“, му вели на расплаканото дете:

8 мај 2023 - 12:17