4 јули 2006. Дортмунд, Вестфаленстадион, полуфинале на Светското првенство. Фабио Гросо даде гол речиси на истекот од второто продолжение на мечот, гол кој го реши дуелот меѓу Германија и Италија. Сите трчаа накај бекот за да слават, а Марко Матераци беше уморен по тешката битка која траеше 120 минути. Се наоѓаше многу далеку од своите соиграчи за да оди да слави со нив.
Најблиску до него беше судијата Аркундија од Мексико, фудбалерот клекна на колега и го гушна. Аркундија се обиде да го оттргне, а моментот не е снимен, туку овековечен од фотографите. Италија следната минута постигна уште еден гол за дефинитивна победа преку Дел Пјеро.
За капитенот на Италија тоа е епска фотка која претставува симбол на Италија од тоа Светско:
„Најубавиот момент на тој Мундијал не беше голот на Гросо во продолженијата, победата врз Германија на нивни терен, клучниот пенал против Франција или подигнувањето на пехарот. Туку најубавиот и највозбудливиот момент беше кога Матераци го гушна судијата по голот на Гросо против Германија“.
Потсетување на тој делириум