Најдобриот фудбалер за минатата сезона од редовите на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси беше приморан да ја напушти играта на полувремето од пријателскиот натпревар во Јапонија заради повреда на мускулот.
По натпреварот Мојс изјави дека не се работи за сериозна повреда, но тој сепак беше мета на критики затоа што и самиот призна дека ова лето го префорсирале Ван Перси за да му ја подобрат физичката подготвеност.
Најгласен во критиките беше Рејмонд Верејен, холандски фитнес тренер кој има работено во Барселона, Челси и Манчестер Сити.
„Зачудувачки е како овие праисториски методи на тренинг се уште се користат на највисоко ниво. Единствениот начин за да се решат овие проблеми во Џурасик Парк е да се подобри едукацијата на тренерите диносауруси и фитнес кловнови. Се додека повеќето диносауруси негираат и го игнорираат начинот на развој во некои земји, ништо нема да се промени во Џурасик Парк", напиша Верејен на својот Твитер профил.