Триесет и две годишниот најдобар египетски фудбалер во историјата, кој на 15-ти јуни ќе наполни 33 години, сезонава игра во транс. На 33 меча во Премиер лига има 27 гола и 18 асистенции и е најзаслужен што Ливерпул е на прагот да освои нова шампионска титула. Салах е многу близу да ги освои индивидуалните награди што се доделуваат за најдобар играч на светот, најдобар стрелец во европските лиги, најдобар стрелец во Премиер лига итн.