Викендов беше тежок за семејството Михајловиќ затоа што се одбележа една година од смртта на Синиша кој почина од леукемија на само 53 години.
Остави сопруга и пет деца, меѓу кои три синови. Едниот од нив се вика Мирослав, роден е 2000-та кога татко му го освои Скудетото со Лацио.
Почнал како играч, но брзо се откажал поради притисоците кои му произлегувале од славното презиме, па се фатил за тренерска работа.
Има диплома од УЕФА и како 23 годишен тренер ги води децата на аматерскиот клуб Урбетевере.
„Беше тешка година, но работата на терен ми помага многу, бидејќи така се исклучувам и во исто време се чувствувам поблиску до него. Татко ми ме научи на една лекција. Прави го тоа што ти се допаѓа, прави го 100%, па дури и да е над невозможното. Знам дека имам презиме кое тежи и така ќе биде засекогаш, но ја сакам оваа работа. Се пробав и како фудбалер, стигнав до Сампдорија Примавера, но сфатив дека тоа не е за мене. Во Италија луѓето многу зборуваат. Ако не играш си слаб, ако играш тогаш некој те препорачал. Треба да работиш двојно повеќе од другите. Им се восхитувам на Киеза и Малдини кои и покрај споредбата со родителите стигнаа далеку. Јас ќе одам напред како Миро“.
Како син на човек полн со вредности каков што беше Синиша Михајловиќ, Мирослав е фокусиран на принципите и лекциите на кои го учел татко му.
„Ме научи на вредности како што се лојалност, почит, искреност. Вредности кои се губат во фудбалот. Не беше строг како татко, каков што беше на терен. Животот во војна и бегството од дома го обликуваа. Проблемите те менуваат, стануваш некој друг, сега го сфатив тоа. Тато беше многу добар од внатре, најдобар од сите“.
Карактерот и храброста на Синиша, ја потврдува и син му, кој раскажува дека и за време на болеста, тој не сакал да престане да го тренира тимот.
„Беше невозможно да го убедиме да престане. Сакаше да продолжи. Фудбалот беше неговиот живот. Тоа беше и начин да ги оттргне мислите. Една недела пред да почине, пешачевме заедно 10 километри на дожд. Кога почна да истура, рече: Да почекаме да престане, па да продолжиме. Беше многу слаб, секој друг на негово место ќе останеше во кревет. Но тој не, беше лав во кафез. Беше тврдоглав, но на вистински начин. Скоро секој ден пешачеше“.
Мирослав зборува и за болката на семејството кога се случи трагедијата.
„Бевме подготвени, но кога дојде тој момент беше тешко. Сите ни пишуваа и ни се јавуваа, а ти во тој момент сакаш само да исчезнеш. Им благодарам на навивачите и на сите оние кои сочувствуваа со нас. Гледаме помалку да зборуваме за тоа, бидејќи ни е тешко. Но бидејќи тој е јавна личност, не е лесно“.
Инаку додека мајка му викендов на покана на последниот клуб на Синиша, беше присутна на мечот Болоња - Рома, а неговите браќа на Лацио - Интер, Мирослав беше со децата од Урбетевере.
„Тоа ми е работа и тоа би го посакал татко ми“, вели 23 годишниот Мирослав Михајловиќ“.
Силни емоции на тифозите на Болоња и Лацио за Синиша
Сите 38 гола на Михајловиќ во Серија А
Михајловиќ за родителите кои си ги лечат комплексите преку децата