Минатата сабота се одржа помен за една година од смртта на големиот Синке. Во негов спомен, во неделата пред дербито Лацио - Интер, домашните тифози вееја прекрасен барјак со ликот на Михајловиќ со препознатливиот качкет и имаа неколку пароли посветени нему.
Пред натпреварот, луѓето од управата на Лацио на теренот извадија три ретро, прекрасни дресови на Михајловиќ, еден од Лацио, еден од Црвена звезда и еден од репрезентацијата на Југославија.
Over at #LazioInter, for Siniša 🙏 pic.twitter.com/PSZbad7hvV
— Lega Serie A (@SerieA_EN) December 17, 2023
На големиот видео-бим на верната северна трибина Curva Nord одеа инсерти од говорите на Србинот за љубовта кон Лацио:
„Синиша секогаш со нас“
Емотивна вечер имаше и во Болоња каде сопругата на Михајловиќ и неговите два сина и ќерка беа на теренот на покана на првиот човек на клубот, американскиот Италијанец Џузепе „Џое“Сапуто. Тие добија плакета во чест на Михајловиќ, а на трибината со најзагрижените навивачи на Болоња се крена парола со натпис:
„Сеќавањето на тебе е пат до нашата повторна средба“, напишаа тифозите на клубот кој Михајловиќ го водеше 153. пати од клупата.