„Родителите знаат да бидат уништувачи на децата, бидејќи преку нив си ги лечат комплексите. Јас имам три деца кои како мали играа фудбал, но јас не им реков дека сакам да играат фудбал. Сите тројца прекинаа, бидејќи секогаш ги споредуваа со мене им велеа „Ти не си како татко ти“. Но има родители кои ги носат децата да тренираат фудбал со сила. Ако некој е малку подобар од другите, одма станува феномен, не оди во школо. Потоа на 15 години ќе запознае некоја девојка и не го интересира повеќе фудбал. Работите треба да се прават со страст и за страст, потоа другото само си доаѓа. Ако правиш нешто поради интерес, никогаш нема да го направиш како што треба“.