Последниот тест пред почетокот на квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2014-та година донесе поволен резултат кој позитивно ќе влијае на атмосферата во тимот, но и игра која не воодушеви и остава простор за многу промени во пресрет на дуелите со далеку посилните репрезентации на Хрватска, Србија, Белгија, Шкотска и Велс.
Македонската репрезентација имаше блага иницијатива во првото полувреме, но нашите фудбалери не успеаја да креираат да креираат посериозни шанси. Офанзивното трио составено од Пандев, Ибраими и Тричковски беше немоќно да го загрози голот на Карчемеарскас, па не ретко во нападот мораше да им се приклучи и дефанзивецот Новески.
По девет минути игра во второто полувреме конечно видовме една конкретна шанса и таа беше и реализирана. Акцијата започна од Ибраими кој го проигра Ферхан Хасани, а тој одлично го пронајде Пандев во шестнаесетникот. Капитенот на македонската репрезентација рутинирано како и секој врвен голгетер ја протна топката низ нозете на литванскиот голман и го постигна својот 25-ти погодок на 65-от настап за репрезентацијата.
Следната опасна ситуација пред голот на Литванија се случи во 73-та минута Пандев се обиде на му возврати на Хасани за асистенцијата при неговиот погодок, но младиот напаѓач не ја искористи оваа шанса и биеше над голот.
Пет минути подоцна Пандев имаше шанса да го постигне и вториот погодок, но неговиот шут заврши крај голот.
Квалификациите за Светското првенство во Бразил за македонската репрезентација започнуваат на 7. септември со гостувањето кај Хрватска, а четири дена подоцна ќе гостуваме и во Шкотска.
фото: МКД.мк