Меси за последен пат играше дома за Аргентина и плачеше

Легендарниот Лео, најголемиот фудбалер во историјата според многумина, синоќа веројатно за последен пат играше во својата земја за Аргентина. Пријателскиот дуел против Замбија на кој „гаучосите“ славеа 5-0 веројатно ќе биде последен домашен дуел во најомилениот дрес на Меси. Тој ќе игра на Светското 2026 каде ќе ја бранат титулата освоена во 2022. После Мундијалот речиси сигурно ќе се повлече од репрезентативната кариера.

Стрелци на головите за Аргентина беа Меси, Алварез, Отаменди, Барко и еден автогол на Замбијците.

Меси постигна прекрасен погодок и тоа му беше јубилеен зошто даде гол против 40-та различна селекција во кариерата против која тресел мрежа. Лео никогаш претходно не играше против африканската селекција Замбија.

Интересно при пеналот за домаќинот, капитенот Меси му ја отстапи топката на ветеранот Николас Отаменди кој исто како него се повлекува од репрезентацијата после Светско 2026 и за последен пат го носеше саканиот дрес на домашно тло.

 

1 април 2026 - 09:48