Лионел Меси не знае за доста. Само пет денови откако се запиша во историјата како прв играч кој постигна пет голови на еден натпревар од Лигата на шампиони, феноменалниот Аргентинец со два голови му ја донесе победата на својот тим на гостувањето кај Расинг Сантандер и стана прв фудбалер во историјата на шпанската Примера кој три сезони по ред постигнува по 30 и повеќе голови.
На последните шест натпревари Меси постигна 16 голови или вкупно 50 на 43 натпревари на сите натпреварувања.
Покрај тоа, Барселона има претрпено само еден пораз на последните 95 натпревари кога Меси се запишал во листата на стрелци.
Сепак Барселона и понатаму заостанува зад Реал Мадрид со 10 поени откако вчера тие победија во Севиља кај Бетис со 2:3. Стрелец на два гола во 11-та победа во серија за Реал Мадрид беше Кристијано Роналдо кој сега може да се пофали дека во својата кариера му има дадено гол на секој клуб од актуелниот состав на шпанската Примера.
ПРИМЕРА - 26. КОЛО:
Еспањол – Ваљекано 5:1
Уче 4, 45, 68, Коутињо 10, 23 – Тамудо 54
Атлетико Мадрид – Гранада 2:0
Миранда 38, Фалкао 90
Валенсија - Мајорка 2:2
Тино Коста 23, Адуриц 42 - Нсуе 57, Касадесус 66
Расинг - Барселона 0:2
Меси 30, 57п
21.30: Осасуна - Билбао
понеделник
21.00: Виљареал - Хетафе
сабота
Сосиедад - Сарагоса 3:0
Агириче 19, 40, Вела 22
Малага - Леванте 1:0
Рондон 51
Спортинг Хихон - Севиља 1:0
Кастро 32
Бетис - Реал Мадрид 2:3
Молина 10, Монтеро 55 - Игуаин 25, Роналдо 52, Роналдо 73