
На овој меч дебитираше и Жорди Алба, добриот пријател и долгогодишен соиграч на Меси и Бускетц од Барселона. Лео и Серхио веќе одиграа неколку меча за Интер Мајами, а Алба синоќа влегол од клупата за резерви во 63’ минута.
КОНКАКАФ Лига Купот е нов турнир во кој играат екипи од САД и Мексико. Од годинава е под официјална закрила на КОНКАКАФ. Екипите кои завршуваат на првите три места во Лига Купот автоматски ќе обезбедат пласман во КОНКАКАФ Лига на шампиони.
„Сите одиграа одлично, многу сум среќен за победата! Добра ноќ Мајами!“, напишал Меси на својот Инстаграм профил после победата.