Меси дивееше и се степа, Аргентина изгуби

Фудбалерите на светскиот шампион Аргентина ја прекинаа серијата од 14 последователни победи. Капитенот Лионел Меси како ретко кога во кариерата изгуби живци и фати за врат противнички фудбалер.

После 14 победи по ред, Аргентина изгуби. Во 5. коло од квалификациите за Светско првенство „гаучосите“ изгубија дома од Уругвај со 0-2 (0-1).

Аргентинците претрпеа пораз во квалификации за Светско после седум години а ова им е прв изгубен меч после оној сензационалниот со Саудиска Арабија 1-2 на Мундијалот во Катар. Аргентинците прекинаа и серија од 25 меча по ред без пораз.

Уругвај ја забележа првата победа на гости кај Аргентина во историјата на квалификации за Светско првенство.

Голманот на Астон Вила Емилијано Мартинез немаше примено гол цели 751 минути односно од дуелот со Франција на Светското а Аргентина за првпат после цели 24 средби не постигна гол!

На славната „Бомбонера“ немаше каде игла да падне и се беше спремно за ново славје на Аргентина. Но Уругвај предводен од стариот лисец Марсело Бијелса кој е селектор на оваа селекција од неодамна, не мислеше така.

Во 19’ минута на теренот изби голема гужва откако во судир влегоа Матијас Оливеира и Родриго Де Пол. Меси кој обично секогаш е на страна и најмирен, овојпат влезе во метежот и прво го удри со лакт Оливеира па го фати за врат:

 

Роналд Араухо го постигна првиот гол за гостите од Уругвај во 41’ минута:

Конечни 0-2 за историска победа на Уругвај ги постави Дарвин Нуњез:

Лионел Меси после мечот изјавил дека помладите фудбалери треба да имаат почит кон повозрасните дури и во вакви тензични натпревари каков што бил овој синоќа во Буенос Аирес:

17 ноември 2023 - 09:53