Мангупски гол на Харви Елиот за победа на Ливерпул
Во реванш мечот од 3. рунда на ФА Купот, откако првиот меч на „Енфилд Роуд“ заврши 2:2, Ливерпул со мешан состав на гости го совлада Вулверхемптон 0:1. Единствениот гол на дуелот беше ремек-дело на младиот Харви Елиот после соло акција.