
Foto: EPA
Моќниот Манчестер Сити сезонава е нула во однос на тоа што беше до пред само една година. Тоа го покажува нивната игра, која се одрази на резултатите.
Елиминација во Лига на шампиони, каде не стигнаа ниту до топ 16. Елиминација во Лига Купот. 17 бодови заостанување зад лидерот Ливерпул. За утеха им преостанува ФА Купот, каде сè уште се во борба за трофеј.
Да се биде декласиран од Реал Мадрид, не е ништо чудно за повеќето тимови. Но, Сити не треба да биде како повеќето други тимови. Тоа е оној кој во 2023-та освои Лига на шампиони, како и тројна круна и ги има последните четири титули во Премиер лигата.
Сепак Реал Мадрид направи ѕвездите на Гвардиола да бидат само минати херои со кои се чини династијата е завршена.
Според пишувањата на англиските медиуми, на Етихад се спрема рестарт. Шеикот Мансур од Абу Даби, ако сака успесите да продолжат, ќе мора да го обнови тимот кој моментално губи, онолку натпревари колку што победува во сите натпреварувања.
На лето, Манчестер Сити ќе има 10 играчи на возраст од 30 или повеќе години, додека Џек Грилиш оваа бројка ќе ја достигне во септември.
Кога станува збор за играчи како Кевин Де Брујн, Бернардо Силва, Џон Стоунс, Матео Ковачиќ, Илкај Гундоган и Едерсон, врвот на нивните кариери беше и помина.
Овие играчи се очекува да заминат заедно со Грилиш, кој испорача малку за британскиот рекорд од 100 милиони фунти. Додека Кајл Вокер отиде во Милан на позајмица и нема ни да се врати.
„Бевме одличен тим, но оваа година поради многу причини не сме. Одлуките мора да се носат на тимско ниво. Почнавме да го правиме тоа. Работите не се вечни, има играчи кои имаат години“, изјави Гвардиола.
Тој се очекува да им даде повеќе простор на јануарските засилувања Нико Гонзалес, Абдукодир Кусанов, Омар Мармуш и Витор Реис.
Склучен е договор од 12 милиони фунти со Ленс за централниот дефанзивец Џума Бах, а офанзивниот играч за врска на Ривер Плејт, Клаудио Ечевери се очекува да пристигне во Манчестер оваа недела.
Гвардиола ја таргетираше и Германија и ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, заедно со бекот на Јувентус, Андреа Камбијасо.