Македонското дерби во Лига Европа, Тричковски vs Алиоски

По извлекувањето на ждрепката во ЛШ, каде имаме тројца Македонци, ист број на наши претставници играат и во ЛЕ. Енис Барди ќе патува во Монако и Белград.

На денешната ждрепка за второто по ранг клупско европско натпреварување, Фенербахче и АЕК Ларнака се паднаа во иста група, што значи ќе гледаме пресметка меѓу Џани Алиоски и Иван Тричковски.

Третиот македонски претставник, Енис Барди со Трабзонспор за противници ги доби Црвена Звезда, Монако и Ференцварош.

ГРУПА А: Арсенал, ПСВ, Бодо Глимт, Цирих
ГРУПА Б: Динамо Киев, Рен, Фенербахче, АЕК Ларнака
ГРУПА Ц: Рома, Лудогорец, Бетис, Хелсинки
ГРУПА Д: Брага, Малме, Унион Берлин, Унион Сент-Жилуаз
ГРУПА Е: Манчестер Јунајтед, Реал Сосиедад, Шериф Тираспол, Омонија
ГРУПА Ф: Лацио, Феенорд, Митјиланд, Штурм
ГРУПА Г: Олимпијакос, Карабах, Фрајбург, Нант
ГРУПА Х: Црвена Звезда, Монако, Ференцварош, Трабзонспор

Натпреварите од групната фаза во ЛЕ ќе се играат во период од два нецели месеци, исто како во ЛШ.

Првото коло е закажано за 8 септември, а последното за 3 ноември. Нокаут фазата стандардно ќе се игра во месец февруари.

Распоредот е згуснат поради зимското Светско првенство во Катар кое стартува на 20 ноември.

Паровите во ЛШ тука.

26 август 2022 - 13:30