Македонија против Данска во нов, фантастичен дрес на Адидас

„По деценија тишина - повторно во жолто. Боја што не е само избор, туку чувство. И ја враќаме - заедно. За плеј-оф битките за Светско првенство, македонската репрезентација ќе настапи во нов дрес“, соопштија од ФФМ и го претставија новиот жолто-црвен дрес кој е право освежување за играчите и навивачите.

Полуфиналето на баражот за Светско првенство Македонија го игра против Данска во Копенхаген на гости на 26-ти март од 20:45 часот.

20 март 2026 - 19:18